Тимот на Aналитика присуствуваше на четвртата регионална работилница во рамки на Проектот - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии, која се одржа од 16-20 октомври 2017 година, во Љубљана, Словенија.
Магдалена Лембовска учествуваше на првата работилница за засегнати страни на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупција и механизмот за ревизија, организирана од страна на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал.
По успехот на Првата летна школа на Енергетската заедница (ЕЗ), која се одржа во Тирана, Албанија во 2016 година, овогодинешната летна школа се одржа во Охрид, Македонија.
Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања во Аналитика, учествуваше на настанот насловен како „ Демократско назадување во Западниот Балкан: каква треба да биде улогата на ЕУ?“ кој се одржа на 30 јуни 2017 год. во Берлин, Германија. Настанот е дел од серијата настани Брифинг за Брисел и е во организација на Центарот за студии за европски политики Алфред фон Опенхајм при Германскиот совет за надворешна политика ДГАП.