Настани

На 26 и 27 Февруари се одржа иницијалниот состанок во рамки на регионалниот Проект „Забрзување на напредокот на ефективните даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход"

На 26 и 27 Февруари се одржа иницијалниот состанок во рамки на регионалниот Проект „Забрзување на напредокот на ефективните даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход"

На состанокот присуствуваше Аналитика (со истражувачите Тамара М. Спасова и Бојана М. Христовска и останатите партнери од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и координаторот од Србија. На првиот состанок присуствуваа и научни соработници од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC).

Најавените можни промени во даночниот систем на Република Македонија во изминатиот период се предмет на јавна дебата од страна на повеќе засегнати страни. Креаторите на економските политики во Република Македонија новите даночни политики ги правдаат со потребата да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните, бизнисмените и менаџерите тврдат дека со тоа ќе се казнат успешните, додека поранешни министри за финансии велат дека во јавноста ги слушаме само богатите, кои се противат на промените, затоа што си ги штитат интересите.  На оваа трибина, неколку граѓански организации од областа на економијата, даноците и социјалната правда, дадoa свое видување за тоа како да се дојде до праведна даночна политика.  Панелисти на настанот беа:    - Бојана М. Христовска од Аналитика. - Славко Лазовски, експерт за даночни прашања од Центарот за даночна политика; - Билјана Дуковска од Македонска платформа против сиромаштија; - Оливер Митов од Центарот за правни истражувања и анализи;

Праведно оданочување

Најавените можни промени во даночниот систем на Република Македонија во изминатиот период се предмет на јавна дебата од страна на повеќе засегнати страни.

Петта регионална работилница - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии

Петта регионална работилница - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии

Тимот на Aналитика присуствуваше на петтата регионална работилница во рамки на Проектот - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии, која се одржа од 16-20 април 2018 година, во Скопје.

Јавна инфраструктура во Југоисточна Европа - во чиј интерес?

Јавна инфраструктура во Југоисточна Европа - во чиј интерес?

На 17.04.2018 година се одржа првата регионална конференција во рамки на Проектот Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирање на јавните финансии. На конференцијата се презентираше студијата за инфраструктурните проекти во земјите од регионот од областа на транспорт и енергетика, во која се анализира степенот на вклученост на граѓаните во процесот на донесување на одлуки за финансирање и отпочнување на инфраструктурни проекти. Регионалната анализа покажа дека инфраструктурните проекти во Југоисточна Европа често се карактеризираат со недостаток на транспарентност и ризик од корупција.