Партнерите на мрежата Balkan Monitoring Public Finance одржаа дискусија и ја претставија студијата ‘‘Даночна правда во Југоисточна Европа - Како да се намалат нееднаквостите?‘‘ во Европскиот парламент со домаќин на настанот - словенечка европратеничка Тања Фајон.
Денес, организациите од Balkan Monitoring Public Finance мрежата, на конференцијата ‘‘Економија на долг и еколошки долг во Југоисточна Европа ", ги презентираа истражувањата и анализите изработени од 7те земји на BMPF мрежата кои се однесуваат на поврзаноста на меѓусекторката криза на јавниот долг, инфраструктура и животната средина во регионот, на конференцијата "Долг економија и еколошки долг во Југоисточна Европа ".
Аналитика со својот тим, Тамара М.Спасова и Бојана Христовска учествуваше на регионалната Конференција"Економија на оданочување на тутунот" која беше организирана во Белград на 11-ти декември 2018 година.
Аналитика во соработка со Шведската Амбасада во Скопје го организираше настанот “Соработка во областа правда и внатрешни работи како мерка за градење на доверба меѓу соседите – истражувачка перспектива на Аналитика и ЕЛИАМЕП”. Настанот се одржа на 11 декември 2018 во Холидеј Ин во Скопје.