Четврта регионална работилница - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии
Тимот на Aналитика присуствуваше на четвртата регионална работилница во рамки на Проектот - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии, која се одржа од 16-20 октомври 2017 година, во Љубљана, Словенија.
На работниот состанок беа дефинирани критериумите, правилата и роковите за грантирањето на невладини организации, медиуми и експрети, во наредниот период, во секоја од партнерските земји, во рамки на проектот.
Истовремено, целиот тим на регионалниот проект учествуваше на регионалната конференција “Предизвици во справувањето со корупција во финансирање на јавната инфраструктура.
еми на кои се дискутураше: законски и незаконски форми на корупција, улогата на ЕУ во справување со корупција, правни механизми за справување со корупција и улогата на граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата.