Енергетика иинфраструктура
Со потпишувањето на договорот за Енергетската заедница, Македонија и другите земји потписнички од регионот свртеа нов лист во енергетската историја.
Особено енергетската ефикасност, употребата на обновливите извори, зајакнување на конкуренцијата, привлекувањето на инвестиции во енергетскиот сектор како и подобрување на еколошката ситауција се поставени како приоритети. Затоа треба да се воведат реформи на различни нивоа почнувајќи од национално ниво, регулаторното тело на пазарот, па се до локалните власти.
Овие реформи претставуваат предизвик за релевантите чинители во поглед на креирање и имплементација на енергетска политика и законодавство, човечки капацитети, трансфер на знаење, правила на конкуренција, социјални прашања кои призлегуваат од покачување на цената на енергенсите итн.
Аналитика ќе се стреми да ги пополни празнините во оваа област во Македонија и регионот преку подготовка на конкретни препораки кои се темелат врз докази со цел креирање на иновативни и долгорочни решенија за проблематичните енергетски прашања, да бара поголемо учество на граѓанското општество во подготовка на енергетската агенда и донесување на одлуки и зголемување на енергетската свест кај донесувачите на одлуки и пошироката публика.
Целта на програмата е придонес кон постигнување на долгорочно снабдување со енергија, промовирање на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност и одржливо користење на енергија.
Долгорочната цел е во насока на имплементација на енергетското право на ЕУ и создавање на регионалниот енергетски пазар преку Договорот за основање на енергетската заедница.
Документи
Надворешен истражувач на програмата: Ана Стојиловска astojilovska@analyticamk.org
Супервисор на програма: Проф. д-р Вели Креци, постар истражувач