Тимот на Аналитика, Бојана М. Христовска и Тамара М. Спасова, учествуваше на иницијалниот состанок за изработка на Програмата за еконосмки реформи (ПЕР) 2018-2020 кој се одржа на 09.06.2017 година во организација на Министерството за финансии.
ПОИНТПУЛС организираше конференција „Борба против корупцијата во полицијата: правни решенија и најдобро практики“ која се одржа на 1 јуни 2017 во Хотел Рамада, Подгорица, Црна Гора.
Аналитика тинк тенк во соработка со Амбасадата на Полска во Скoпје и Центарот за Истoчни студии (OSW) на 18 мај организираше конференција на тема “Вишеградската група и Западен Балкан – што е наредно за овие два региона?”
Со задоволство објавуваме дека, Аналитика стана дела од Мрежата за подобра легислатива - мрежа “RIA“, која ќе го следи процесот на проценка на влијание од регулативата кога ќе се носат или менуваат законите во следните години.