Учество на првата работилница за засегнати страни на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупција
Магдалена Лембовска учествуваше на првата работилница за засегнати страни на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупција и механизмот за ревизија, организирана од страна на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал.
Работилницата собра на едно место околу 60 претставници на граѓанското општество, владини институции и приватниот сектор. Учесниците добија обука за методологијата која се користи при ревидирање на земјите, како и информации за можностите на вклучување на граѓанските организации во вториот циклус на ревизија.
Ова е прва ваква работилница во Југоисточна Европа и истата се одржа од 25 до 29 септември 2017 во Сараево, Босна и Херцеговина. Настанот беше поддржан од Австриската Агенција за развој преку Регионалната иницијатива против корупција, како и од Европската банка за обнова и развој.
Конвенцијата на Обединетите Нации против корупција е ратификувана од страна на 182 држави и е единствениот правно-обврзувачки универзален инструмент против корупција.