ПОИНТПУЛС организираше конференција „Улогата на граѓанското општество во градењето на полициски интегритет“ на 23 март 2017 во Приштина. Претставници од граѓански организации од Западен Балкан дискутираа за главната улога и влијанието кое го имаат граѓанските организации во воспоставувањето на ефективни надзорни механизми над полицијата.
Тимот на Aналитика присуствуваше на третата регионална работилница во рамки на Проектот - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии, која се одржа од 6-10 март 2017 година, во Приштина, Република Косово.
Соња Ристеска зеде учество на работилницата организирана од страна на ИПА2Механизамот во кој што и Аналитика е вклучена од неговото формирање.
Нашиот истражувач Филип Стојковски, претстави општа оценка за напорите на Македонија во 'справувањето со насилниот екстремизам' и важноста на образованието во тој процес на конференцијата на тема 'Насилен екстремизам на балканот,' која се одржа на 22-ри февруари, на скопскиот кампус на Универзитет на југоисточна европа.