Во рамките на проектот "Забрзување на напредокот на ефективните даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход", тимот на истражувачи на Analytica (Tamara Mijovic и Bojana Mijovic Hristovska) организираше тркалезна маса со цел да ги презентира резултатите од спроведеното истражување за ефектите од оданочувањето на тутунски производи во Република Македонија.
На 06, 07 и 08 јуни 2018 година, во Аналитика, се одржа работилница за примена на STATA од страна на Марко Владисављевиќ, помлад истражувач на Институтот за економски науки.
Претставниците од Аналитика Тамара М.Спасова и Бојана Мијовиќ Христовска учествуваа на работилницата за економија на тутунот поврзана со истражувачкиот проект “Забрзување на напредокот на ефективните политики за даноци за тутун во земјите со низок и среден приход“.
Аналитика учествуваше на вториот состанок (во организација на Министерството за финансии) на Секторската работна група за управување со јавните финансии, во форма на политички дијалог помеѓу засегнатите страни.