Аналитика дел од настанот „Демократско назадување во Западниот Балкан: каква треба да биде улогата на ЕУ?“

Аналитика дел од настанот „Демократско назадување во Западниот Балкан: каква треба да биде улогата на ЕУ?“

Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања во Аналитика, учествуваше на настанот насловен како „ Демократско назадување во Западниот Балкан: каква треба да биде улогата на ЕУ?“ кој се одржа на 30 јуни 2017 год. во Берлин, Германија. Настанот е дел од серијата настани Брифинг за Брисел и е во организација на Центарот за студии за европски политики Алфред фон Опенхајм при Германскиот совет за надворешна политика ДГАП.

Говорници:

Михаел Картнитшниг (Michael Kartnitschnig)

Раководител на Кабинетот на Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, Европска Комисија

Др. Кристиан Хелбах (Dr. Christian Hellbach)

Специјален пратеник за Југоисточна Европа, Турција и земјите на ЕФТА, Сојузно министерство за надворешни работи на Германија

Магдалена Лембовска

Истражувач, Аналитика, Македонија

Богдан Урошевиќ

Програмски координатор, Белградски центар за политичка исклучителност, Србија

 

Модератор:

Сара Волфелд (Sarah Wohlfeld)

Програмски офицер, Центар Алфред фон Опенхајм

Магдалена Лембовска и Богдан Урошевиќ дадоа свои видувања на темата како алумни на програмата ТРАИН.