Истражувачкиот и менаџмент координатор на Аналитика Соња Ристеска беше дел од Летната школа на Енергетската заедница
По успехот на Првата летна школа на Енергетската заедница (ЕЗ), која се одржа во Тирана, Албанија во 2016 година, овогодинешната летна школа се одржа во Охрид, Македонија.
Летната школа на ЕЗ траеше од 26 август до 2 септември и се одржа во Конгресниот центар во Охрид со студиски престои на значајни објекти, како што е ХЕЦ Глобочица. Агендата беше поделена на Економски понеделник, Технички вторник, Политичка среда, Правен четврток и Одржлив петок.
На школата зедоа учество 40 најуспешни студенти и професионалци од 25 различни земји од Југоисточна Европа и ЕУ, вклучително и предавачи од различни европски земји, кои се реномирани експерти од областа на енергетиката и заштитата на климата. На крајот секој учесник доби сертификат за успешно завршување на Летната школа.
Повеќе информации за летната школа може да се најдат на: https://www.energy-community.org/aboutus/summer-school.html