Конференција: Улогата на граѓанското општество во градењето на полициски интегритет
ПОИНТПУЛС организираше конференција „Улогата на граѓанското општество во градењето на полициски интегритет“ на 23 март 2017 во Приштина. Претставници од граѓански организации од Западен Балкан дискутираа за главната улога и влијанието кое го имаат граѓанските организации во воспоставувањето на ефективни надзорни механизми над полицијата.
На настанот се дискутираше за следниве прашања:
- главната улога на граѓанското општество во борбата против корупцијата;
- влијанието на граѓанското општество во градење на полициски интегритет;
- предуслови за воспоставување на ефективен надворешен надзор над полицијата;
- главни предизвици во работата на граѓанските организации;
- позитивни и негативни страни на регионалните мрежи на граѓански организации.
Панелисти:
- Магдалена Лембовска, Аналитика, Скопје;
- Владимир Ерцег, Белградски центар за безбедносна политика, Белград;
- Сањин Хамидичевиќ, Центар за безбедносни студии, Сараево;
- Дина Бајрамспахиќ, Институт Алтернатива, Подгорица;
- Бесјана Кучи, Институт за демократија и медијација, Тирана;
- Платор Авдиу, Косовски центар за безбедносни студии, Приштина
Модератор:
- Доника Емини, Косовски центар за безбедносни студии, Приштина
Магдалена Лембовска, како истражувач од Аналитика, објасни дека политичките турбуленции во Македонија се блиску поврзани со кризата во безбедносниот сектор. Исто така, зборуваше за улогата на Аналитика во градењето на полицискиот интегритет, но исто така и за предизвиците со кои се соочува граѓанското општество во тековната политичка ситуација.