Магдалена Лембовска и Филип Стојковски учествуваа на меѓународната конференција организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Србија за промоција на Регионалната процена на заканите од тешкиот и организираниот криминал (СОКТА), која беше подготвена заеднички од страна на министерствата за внатрешни работи на Србија, Црна Гора и Македонија. Настанот се одржа на 14 ноември 2016 год. во Белград.
Амбасадата на Република Полска во Скопје во соработка со „Аналитика тинк тенк“ организираше предавање на д-р Павел Ковал под наслов: „Изворите на полската надворешна политика по 1989 година“.
На 24.11.2016, нашиот истражувачки и менаџмент координатор Соња Ристеска беше една од учесниците на тркалезната маса на тема “После Париз, после Брегзит - Перспективи за земјите од Западен Балкан„, Сесии Самит на Западен Балкан - Париз и патот напред во организација на Институтот за Европска политика.
На 18 ноември 2016 год. беше одржана конференцијата „ Пристап до информации и заштита на лични податоци - можности и предизвици“ во Хотел Мериот во Скопје.