Аналитика на конференција за 'Насилниот екстремизам на Балканот'
Нашиот истражувач Филип Стојковски, претстави општа оценка за напорите на Македонија во 'справувањето со насилниот екстремизам' и важноста на образованието во тој процес на конференцијата на тема 'Насилен екстремизам на балканот,' која се одржа на 22-ри февруари, на скопскиот кампус на Универзитет на југоисточна европа.
Останатите учесници од Македонија, Косово и Албанија презентираа на слични теми, кои варираа од влијанието кое државните актери може да го имаат на порастот на екстремизмот, до добри пратики на формално и неформално образовние при справувањето со насилниот екстремизам.