Како до подобра рамка за решавање на проблемот со аерозагадување
Соња Ристеска зеде учество на работилницата организирана од страна на ИПА2Механизамот во кој што и Аналитика е вклучена од неговото формирање.
Работилницата Како до подобра рамка за решавање на проблемот со Аерозагадување, се одржа во Битола од 3 до 4 март 2017 година. Настанот се организира од страна на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, со цел да иницира дискусија за зајакнување на партнерството меѓу граѓанските организации и различните чинители околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014 – 2020 (ИПА2).
Во последните неколку години аерозагадувањето се наметна како тема на која треба да се посвети повеќе внимание, особено во смисла на правилно креирање на рамка за делување. Настанот ќе отвори простор за анализа и дискусија околу политиките кои ја засегаат оваа област и можни решенија како и да понуди алатки за зајакнување на капацитетот на граѓаните и граѓанските иницијативи како тие подобро би ги разбрале политиките поврзани со аерозагадување.
На настанот, претставници на граѓански организации ќе имаат можност да учествуваат во консултации за актуелните прашања околу можностите што ги нуди Инструментот за претпристапна помош 2014 – 2020, како и потенцијалот за соработка преку ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации (IPA2CSO). Соња Ристеска зеде учество во работната група каде што се даваа предлози за предлог Законот за индустриски емисии водена од страна на еколошкиот адвокат Александра Бујароска.