На 29.11.2016 година, во хотелот континентал се одржа Втората консултативна работилница за процесот на усогласување со Целите за одржлив развој. По одржувањето на првата консултативна работилница со претставниците на државните институции, овој настан се организира како втор чекор во усогласувањето на националните стратегии и политики со Целите за одржлив развој.
На 26 ноември во хотелот Холидеј Ин по покана на партијата ДОМ, а во претходна координација со партнерите Еко-свест, истражувачкиот и менаџмент координатор на Аналитика тенк тенк, Соња Ристеска беше еден од панелистите на конференцијата Озеленување на балканските економии.
Тимот на Аналитика Бојана Мијовиќ Христовска и Тамара Мијовиќ Спасова, на втората регионална работилница во рамките на проектот “Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии“, ја презентираше кратката студија Макроанализа - Македонија.
Од 10-ти до 13-ти ноември во Рајхенау на Ракс, Австрија, нашиот истражувачки и менаџмент координатор Соња Ристеска учествуваше на 14-та Работилница на Конзорциумот на Партнерството за Мир (ПзМ) и Истражувачката група “Регионална стабилност во Јужен Кавказ„, заедно со Работната група “Реформи во безбедносниот сектор„, на темата “Градење на институционален механизам за управување со енергетските политикики во Јужен Кавказ„.