Трета регионална работилница - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии
Тимот на Aналитика присуствуваше на третата регионална работилница во рамки на Проектот - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии, која се одржа од 6-10 март 2017 година, во Приштина, Република Косово.
На оваа регионална работилница се дискутираше за нацрт текстовите на четирите национални и регионални анализи (јавен долг, јавно-приватно партнерство, даноци и јавна инфраструктура), кои се предизвиците со кои се соочуваат 7-те партнери на проектот, како и чекорите за нивно надминување.
Овие 4 национални анализи треба да резултираат со 4 регионални анализи. Воедно, се дискутираше и за ангажирањето на локални и меѓународни експерти кои би значеле дополнителен кредибилитет на 4-те регионални анализи.
Истовремено, на регионалната работилница беа дефинирани критериумите, правилата и роковите за грантирањето на невладини организации, медиуми и експрети, во наредниот период, во секоја од партнерските земји, во рамки на проектот.