Иницијален состанок за изработка на Програмата за еконосмки реформи (ПЕР) 2018-2020
Тимот на Аналитика, Бојана М. Христовска и Тамара М. Спасова, учествуваше на иницијалниот состанок за изработка на Програмата за еконосмки реформи (ПЕР) 2018-2020 кој се одржа на 09.06.2017 година во организација на Министерството за финансии.
На состанокот беше презентиран новиот Водич за изработка на документот, се дефинираа активностите кои треба да се преземат во следниот период и роковите за подготовка на документот.
Овој документ ќе претставува основа за клучните реформски процеси на Владата на РМ, кои дополнително ќе го интензивираат дијалогот со ЕУ.
Воедно, ПЕР е замислена да претставува заеднички резултат на сите засегнати страни во општеството.
Токму затоа, Министерството за финансии овој пат уште од самиот почеток ги вклучува академската заедница, бизнис секторот, социјалните партнери на програмата и граѓанскиот сектор.