Конференција “Вишеградската група и Западен Балкан – што е наредно за овие два региона?”
Аналитика тинк тенк во соработка со Амбасадата на Полска во Скoпје и Центарот за Истoчни студии (OSW) на 18 мај организираше конференција на тема “Вишеградската група и Западен Балкан – што е наредно за овие два региона?”
На конференцијата можеше да се чујат повеќе информации околу:
- Соработката на земјите од Вишеград4 во Централна Европа и ЕУ
- Односите помеѓу Вишеград4 и Западен Балкан
- Перцепцијата на Западен Балкан кај земјите од Вишеградската четворка
- Улогата на мигрантската криза во соработката помеѓу двата региона
Освен учеството на претставници од Центарот за Истoчни студии (OSW) од Варшава претставници од други тинк тенк организации од Вишеградската група беа исто така присутни. Свои излагања на конференцијата имаа претставниции од:
Институтот за меѓународни односи (UMV)-Прага, Словачка асоцијација за надворешна политика (SFPA)- Братислава како и Институт за Надворешни политики и трговија (ИФАТ) - Будимпешта.