Конференција на ПОИНТПУЛС: „Борба против корупцијата во полицијата: правни решенија и најдобро практики“
ПОИНТПУЛС организираше конференција „Борба против корупцијата во полицијата: правни решенија и најдобро практики“ која се одржа на 1 јуни 2017 во Хотел Рамада, Подгорица, Црна Гора.
Конференцијата имаше за цел да поттикне јавна дебата за Нацрт-законот за внатрешни работи во Црна Гора и да ја подобри областа на полициски интегритет преку дискусии за правни решенија и најдобри практики од регионот.
Прашања за кои се дискутираше на настанот:
- Кои се меѓународните стандарди за полициски интегритет кои треба да ги поседува еден добар закон за внатрешни работи?
- Дали Нацрт-законот за внатрешни работи во Црна Гора е доволно добар за успешно справување со корупцијата во полицијата?
- Кои се најдобрите законски решенија во Западен Балкан за справување со корупција во полицијата?
- Дали постојат иновативни решенија за намалување на корупцијата во полицијата?
- Кои се резултатите од борбата против корупцијата во Западен Балкан?
Панелисти:
- Томислав Цуриќ, Регионална иницијатива против корупцијата, Сараево
- Магдалена Лембовска, Аналитика, Скопје
- Софија Мандиќ, Белградски центар за безбедносна политика, Белград
- Мирела Ходовиќ, Центар за безбедносни студии, Сараево
- Дина Бајрамспахиќ, Институт Алтернатива, Подгорица
- Бесјана Кучи, Институт за демократија и медијација, Тирана
- Платор Авдиу, Косовски центар за безбедносни студии, Приштина
Модератор:
- Слободан Георгиев, Балканска мрежа за истражувачко новинарство, Белград