Конференција на балканските зелени партии “Озеленување на балканските економии“
На 26 ноември во хотелот Холидеј Ин по покана на партијата ДОМ, а во претходна координација со партнерите Еко-свест, истражувачкиот и менаџмент координатор на Аналитика тенк тенк, Соња Ристеска беше еден од панелистите на конференцијата Озеленување на балканските економии.
Презентираниот документ беше “Компаративна анализа: работни места во термоелектрани наспроти работни места во сектори со обновливи извори и енергетска ефикасност во Македонија„, кој што Ана Стојиловска и Соња Ристеска го изработија за Еко-свест и нивниот проект “Мрежи на граѓански организации за одржливо искористување на енергетските и природните ресурси во Западен Балкан и Турција - ЕТНАР„, кој е предводен од организацијата Зелена Акција од Хрватска и финансиран од Европската Унија.
Учесниците на конференцијата беа таму за да споделат добри практики и да разменат искуства за потенцијалите за отворање нови зелени работни места во регионот. Се дискуираше и за воведување правичен данок, како предуслов за озеленување на домашните економии. Сево ова се алтернативните политики кои на Балканот му ги нудат зелените партии.
Учесници беа претставници од Европската Зелена Партија, од зелените партии од Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Црна Гора, Србија и Турција, како и од Мрежата за соработка и развој на Источна Европа (CDNEE). Од Република Македонија активно учество зедоа политичари, граѓански активисти, експерти и претставници на институциите.