Градење на институционален механизам за управување со енергетските политики во Јужен Кавказ
Од 10-ти до 13-ти ноември во Рајхенау на Ракс, Австрија, нашиот истражувачки и менаџмент координатор Соња Ристеска учествуваше на 14-та Работилница на Конзорциумот на Партнерството за Мир (ПзМ) и Истражувачката група “Регионална стабилност во Јужен Кавказ„, заедно со Работната група “Реформи во безбедносниот сектор„, на темата “Градење на институционален механизам за управување со енергетските политикики во Јужен Кавказ„.
Групата за регионална безбедност на ПзМ во Јужен Кавказ активно се обидува да ја поттикне стабилноста во регионот, како и меѓународната безбедност, преку олеснување на дијалогот за решавање на конфликтот меѓу различните страни.
Активностите на групата служат за да се даваат совети на пошироките активности за решавање на конфликтите, како на пример Женевските преговори. Групата ги остварува своите цели, со фокусирање на следниве области:
1. Обезбедување на мултинационално учество, надградување со експерти од сите димензии на политичкиот безбедносен спектар на трите главни земји Ерменија, Азербејџан и Грузија: ова е дополнето со носење на експерти по меѓународна безбедност и прашања на регионална стабилност од главните земји партнери и институции во регионот, односно од Европската унија (земјите-членки), Руската Федерација, Турција, САД, како и НАТО, ОБСЕ и ОН.
2. Градење на конструктивна мрежа на академско и политикичко влијание: тоа подразбира вклучување на граѓанското општество, меѓународните безбедносни организации, тинк-тенковите и безбедносните институции во работата на групата.
3. Поттикнување на промена на наративот на конфликт во регионот со цел да напредуваат преговорите за конфликтите.
Настанот во Рајхенау е мултинационална конференција со цел создавање на регионален механизам за енергетска безбедност кој ќе се занимава со енергетските прашања на Јужен Кавказ. Работните групи се обидоа да креираарт драфт верзија на структурата на овој механизмот, услoвите на работење и да развијат идеи како ова координирање на енергетските политики во Јужен Кавказ ќе изгледа.
BUILDING AN ENERGY SECURITY MANAGEMENT INSTITUTION FOR THE SOUTH CAUCASUS |