Предавање „Изворите на полската надворешна политика по 1989 година“
Амбасадата на Република Полска во Скопје во соработка со „Аналитика тинк тенк“ организираше предавање на д-р Павел Ковал под наслов: „Изворите на полската надворешна политика по 1989 година“.
Предавањето се одржа на 17 ноември 2016 г. во Амбасадата на Република Полска во Скопје.
Д-р Павел Ковал е политиколог, историчар, публицист, експерт за источна политика и еден од основачите на Музејот на Варшавското востание.
Настанот го отвори Амбасадорот на Република Полска во Македонија, Н.Е. Јацек Мултановски. Модератор на настанот беше г-а Магдалена Лембовска, истражувач во Аналитика.