Истражувачите на Аналитика на меѓународна конференција за презентација на СОКТА
Магдалена Лембовска и Филип Стојковски учествуваа на меѓународната конференција организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Србија за промоција на Регионалната процена на заканите од тешкиот и организираниот криминал (СОКТА), која беше подготвена заеднички од страна на министерствата за внатрешни работи на Србија, Црна Гора и Македонија. Настанот се одржа на 14 ноември 2016 год. во Белград.
Публикацијата за СОКТА е резултат на тригодишен проект за зајакнување на капацитетите за стратешка анализа и стратешка процена на организациските единици за криминалистичка истрага на министерствата за внатрешни работи на Македонија, Србија и Црна Гора, поддржан од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој и спроведуван од страна на Мисијата на ОБСЕ во Србија.
Поздравните обраќања беа од страна на министрите за внатрешни работи на трите земји вклучени во иницијативата, вклучувајќи го и македонскиот Министер за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски. На настанот учествуваше и делегација на македонското Министерство за внатрешни работи, додека Аналитика беше единствената организација од граѓанското општество во Македонија која беше поканета на настанот.