Конференција: „Пристап до информации и заштита на лични податоци - можности и предизвици“
На 18 ноември 2016 год. беше одржана конференцијата „ Пристап до информации и заштита на лични податоци - можности и предизвици“ во Хотел Мериот во Скопје.
На настанот беше означен почетокот на проектот „Транспарентни и ефикасни државни регулаторни и надзорни тела“ каде истражувачите на Аналитика ќе се фокусираат на работата на Комисијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер како и на Дирекцијата за заштита на лични податоци како државни надзорни и регулаторни тела. Главната цел на проектот е зголемена отчетност на јавниот сектор преку следење и промоција на работата на овие две тела со цел да се придонесе кон подобрување на нивните перформанси, ефективност, транспарентност и отчетност.
За време на конференцијата беа претставени одредниците за следење на работата на телата, како и претстојните проектни активности. Поздравно обраќање имаше заменик амбасадорот на Обединетото кралство во Македонија Пол Едвардс и истражувачот од Аналитика Магдалена Лембовска.Свои излагања имаа претставници на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Дирекцијата за заштита на личните податоци и претставници на граѓанскиот сектор и академската заедница. Свои презентации имаа експерти од Обединетото Кралство: Џудит Раухофер од Универзитетот во Единбург и Тони Боуден од mySociety, Лондон.
Конференција: Пристап до информации и заштита на лични податоци - можности и предизвици |