Петта регионална работилница - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии
Тимот на Aналитика присуствуваше на петтата регионална работилница во рамки на Проектот - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии, која се одржа од 16-20 април 2018 година, во Скопје.
На работниот состанок беа дефинирани правилата и роковите за грантирањето на невладини организации, настани на кои ќе се промовираат регионалните анализи, поставување основи за градење стратегија за основање на формална мрежа за мониторирање на јавни финансии, како и специфицирање на најефективни начини за застапувања и кампања. Истовремено, се одржа и тренинг за праведно оданочување од страна на Ондреј Копецни од ГЛОПОЛИС - Република Чешка.
Истовремено, целиот тим на проектот учествуваше на регионалната конференција “Јавна инфраструктура во Југоисточна Европа - во чиј интерес?“, организирана во рамкиот на наведениот проект.