Тркалезна маса “Како оданочувањето на тутунските производи може да ја намали нивната потрошувачка?”
Во рамките на проектот "Забрзување на напредокот на ефективните даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход", тимот на истражувачи на Analytica (Tamara Mijovic и Bojana Mijovic Hristovska) организираше тркалезна маса со цел да ги презентира резултатите од спроведеното истражување за ефектите од оданочувањето на тутунски производи во Република Македонија.
Настанот се одржа на 30 ноември 2018 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје.
Тркалезната маса ја отвори Тамара Мијовиќ Спасова, која имаше воведен говор. Исидора Љумовиќ од Институтот за економски науки од Белград ги претстави главните цели на проектот и активностите кои се реализираат во регионот. Резултатите од истражувањето за Македонија ги презентираше Бојана М. Христовска и ги сумираше наодите и препораките за даночната политика за тутунски производи, во врска со можните мерки за контрола на тутунот кои би можеле да доведат до пооптимална политика на оданочување. Бојана, исто така, ја објасни методологијата и резултатите од истражувањето со користење на макро моделот, проценетите коефициенти на ценовна и доходовна еластичност на побарувачката на тутунски производи и нивниот ефект врз приходите на националниот буџет и врз потрошувачка на тутунски производи.
На тркалезната маса присуствуваа учесници од различни институции - претставници на Институтот за јавно здравје, Центар за јавно здравје, Министерство за финансии, Царинска управа, Министерство за земјоделство, Министерство за труд и социјална политика и претставници на граѓански организации.