Претставници од шест тинк тенк организации од регионот на Западен Балкан на 7ми март 2016 во Белград, потпишаа основачки акт со кој и официјално се формираше Балканската платформа за безбедност.
На меѓународниот ден на жената 8 март, Андреја Богдановски, истражувач за безбедносни прашања во Аналитика имаше излагање во Белград за улогата на жената во македонската полиција.
Магдалена Лембовска зеде учество во “Регионалната работилница за анализа на буџетите на одбраната наменета за советници од парламентарната служба и истражувачи од граѓанското општество од Западниот Балкан.”
Калтрина Селими и Андреја Богдановски учествуваа на курс по антитероризам организиран од страна на Британската амбасада во Скопје во соработка со Кралската воена академија Sandhurst.