Регионална работилница за буџетирање во секторот одбрана
Магдалена Лембовска зеде учество во “Регионалната работилница за анализа на буџетите на одбраната наменета за советници од парламентарната служба и истражувачи од граѓанското општество од Западниот Балкан.”
Работилницата се одржа од 19 до 21 јануари 2016 год. во Белград, Србија, во организација на Женевскиот центар за контрола на вооружените сили (ДЦАФ).
На настанот учествуваа советници на парламентарните комисии за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет, како и истражувачи од граѓански организации од Западниот Балкан.
Работилницата имаше за цел понатамошно зајакнување на локалните капацитети за анализа на документацијата за буџетите, обезбедување платформа за дебатирање околу предизвиците поврзани со буџетите на одбраната, како и охрабрување на локалните чинители да ги доставуваат потребните материјали до парламентите со цел нивно вклучување во процесот на буџтирање во секторот одбрана и обезбедување отворена дискусија заснована на податоци.