Улогата на жената во македонската полиција
На меѓународниот ден на жената 8 март, Андреја Богдановски, истражувач за безбедносни прашања во Аналитика имаше излагање во Белград за улогата на жената во македонската полиција.
Богдановски истакна дека во Македонија до сега дури две жени беа поставени на највисоките раководни позиции во министерството за Внатрешни работи, Доста Димовска и Гордана Јанкулоска. Сепак според Богдановски они можеа да дадат исклучителен придонес во перцепцијата на јавноста околу улогата на жената во полицијата и да бидат инспирација на жените полицајки во развојот на нивните кариери. За жал тој капитал не беше искористен до максимум. Освен гореспоменатите високи позиции жените во македонската полиција се уште ги работат претежно “традиционалните женски” улоги како меѓународна соработка, работка со малолетници, превенција, административни задачи, ИКТ, итн.