
Главната цел на проектот е да се развие култура на мир и превенција од насилство како основна вредност во образовниот систем во Република Северна Македонија. Специфични цели на овој проект се (1) спречување на конфликти со прифаќање на разликите помеѓу учениците по различни основи и градење култура на мир меѓу младите луѓе, (2) воспоставување пријателски односи помеѓу учениците од различна етничка, верска, родова и социјална припадност, и (3) сензибилизирање на младите девојки да ги препознаат облиците на насилство извршени врз нив во училиштата, како и надвор од училишната средина, затоа ги охрабруваат да се пријават и да дејствуваат на безбеден начин.