Транспарентност и отчетност на јавните финансии - поглед од граѓанско општество


Во септември 2017 година, со поддршка на CIVICA MOBILITAS, Аналитика тинк тенк започна со работа на проектот за транспарентност и отчетност на јавните финансии, но со посебен акцент на јавно приватно партнерство (ЈПП). Главната тема на истражувањето на проектот е законската рамка за ЈПП, договорите за ЈПП, процесот на имплементација и следење на ЈПП, како и предизвиците со кои се соочуваат институциите и компаниите во процесот на имплементација на ЈПП.

Имајќи предвид дека релевантните меѓународни институции и меѓународната заедница веќе со години го забележуваат овој проблем и силно сугерираат за значително подобрување на фискалната транспарентност, од таму транспарентноста на институциите во врска со трошењето на јавните пари и вклучувањето на граѓанскиот сектор во процесот на одлучување е од суштинско значење. Истовремено, разбирањето за јавните финансии меѓу пошироката јавност е многу ниско, па затоа концептот на јавните финансии, особено во овој случај концептот на ЈПП, треба да се доближи до обичните граѓани. Ова подразбира активно вклучување на ГО во следењето на ефикасноста на трошењето на јавните средства и овозможување учество на граѓаните во креирањето политики.

Главната цел на проектот е да се подобри транспарентноста на јавните финансии во земјата и да се зајакне знаењето на ГО и медиумите за јавните финансии и ЈПП, со цел да се дејствува како чувар на јавни институции и да се мониторираат јавните финансии.

Нашите истражувачи Тамара М. Спасова и Бојана М. Христовска работат на реализација на проектните активности.

 2018  
Соопштение до медиуми: "Аналитика: Јавното приватно партнерство да биде во инетерс на граѓаните а не само бизнис интерес"

Public-private partnership: problems and opportunities Republic of Macedonia

Јавно приватно партнерство: проблеми и можности Република Македонија