Проект: Анализа на влијанието на Ковид-19 врз буџетите на општините во Северна Македонија
Кризата КОВИД-19 има досега невидено социјално и економско влијание во регионот на ЕБОР и ширум светот. Влијанието е исто толку сериозно во инфраструктурниот сектор како и во остатокот од економијата и се чувствува и на централно и на локално ниво.
Исто како и централната власт, локалните самоуправи работат под режим на одговор на криза од епидемијата на Ковид-19. На локалните самоуправи во Северна Македонија им треба итна помош за да ги разберат влијанијата што вирусот Ковид-19 веројатно ќе ги има врз буџетите и финансиите на општините и јавните комунални претпријатија (ЈКП), како и тоа како ова влијание се рефлектира врз обезбедувањето на клучна инфраструктура и други клучни јавни услуги под нивна одговорност.
Аналитика ќе подготви анализа на влијанието на Ковид-19 врз буџетите на општините и ќе даде препораки за непосредни активности што треба да ги преземат службениците од општинските власти за да ги ублажат истите.
Предвидено е да има две фази во доделувањето на проектот:
Фаза 1: Ангажирање на засегнатите страни, собирање податоци и предлози за непосредни мерки со цел да им овозможи на општините да се справат со предизвиците на Ковид-19;
фаза 2: Анализа на податоци, известување и препораки за поефикасно управување со јавните финансии и испорака на јавни услуги за општините во Северна Македонија, како одговор на епидемијата на Ковид-19.
Проектот е финансиран од Европската банка за обнова и развој.
Нашите истражувачи Тамара М. Спасова, Бојана М.Христовска и Борче Треновски ќе работат на имплементација на проектните активности во наредниот период.