Проект „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници“
Цел на проектот: Утврдување на состојбата и ефектите од донесените мерки за справување со КОВИД-19, врз ранливите групи граѓани (работници од неформалната економија односно културни работници, угостителски сектор, трговија и домашни работници), како и креирање на основа за подобрување на постоечките мерки/политики и создавање поголема отпорност кај оваа категорија на граѓани на последици од слични кризи во иднина.
Цели:
- Анализа на состојбата и влијанието од Ковид-19 врз на работници од неформалната економија
- Утврдување на постоечките мерки од централната власт кои се однесуваат на ранливи категории на граѓани (на работници од неформалната економија)
- Утврдување на добри практики/политики на локално ниво кои се однесуваат на ранливи категории на граѓани (на работници од неформалната економија)
- Воспоставување на заедничка соработка со здружение на локално ниво со цел анализа на состојбата на на терен – на локално ниво детектирајќи ги предизвиците и ризиците кои се појавуваат во практика
- Предлагање мерки за заштита на работници од неформалната економија од последиците од Ковид-19 кризата
Проектот е финансиран од Фондација Отворено Општество - Македонија.
Нашите истражувачи Тамара М. Спасова, Бојана М. Христовска, Борче Треновски, билјана Ташевска и кристијан Кожески во наредниот период ќе работат на спроведување на активности од проектот.