NDI - програма за законодавно застапување; Овозможување на физички лица да продаваат електрична енергија од обновливи извори (Закон за енергетика).

NDI - програма за законодавно застапување; Овозможување на физички лица да продаваат електрична енергија од обновливи извори (Закон за енергетика)

Во рамките на наредната двогодишна програма за законодавно застапување раководена од Националниот демократски институт (https://www.ndi.org/macedonia), Аналитика беше избрана со предлог законот т.е.со иницијативата за измени на Законот за енергетика со цел овозможување на физичките лица без оснивање на компанија да можат да бидат овластени произведувачи и продавачи на електрична енергија од обновливи извори.

Една од мерките за стимулирање на развојот на користење на обновливите извори на енергија помеѓу граѓаните e токму можноста физички лица без формирање на фирма да можат да произведуваат електрична енергија од обновливи извори и истата директно да ја продаваат во системот. Засега ваква можност не постои со што напредокот иако го има во секторот ОИЕ е бавен и недоволен. Како поттик за развој и поттикнување на користење на обновливите извори на енергија, една можност да се активираат домаќинствата е да им се овозможи доколку постават на пример соларни панели, електричната енергија освен што ќе можат да ја користат за сопствени потреби (како што беше и до сега) да можат и да ја продаваат по претходно склучен договор за операторот т.е. дистрибутерот ЕВН.

Иако до сега имало иницијативи од различни општествени чинители, институции и слично оваа мерка не доби реализација во законско решение. Иако се очекуваат препреки и проблеми од типот на немање капацитет мрежата да ја прими таа струја, итн, сепак, тие прашања можат да се образложат и одговорат во новото законско решение со што само ќе се даде можност да домаќинствата продаваат електрична енергија и со тоа ќе се поттикне дополнителен развој на пазарот на ОИЕ.

Ваквото искористување на ОИЕ може да поттикне зајакнување на домаќинствата како потрошувачи со тоа што ќе им се овозможи активно учество како и профит од учеството во пазарот на електрична енергија. Исто така ќе поттикнат попаметни потрошувачки навики. Освен продажбата, со конзумирањето на енергијата кои сами ја произведуваат, може да се намалат трошоците на енергетскиот систем, бидејќи на пример користењето на фотоволтаици во сончеви земји како Македонија може да помогне да се намали врвот на побарувачката во мрежата кога на пример се уклучуваат клима уредите во топли денови. Понатаму со локално производство и потрошувачка на електрична енергија, можат да се намалат загубите во системот, и исто така да се обезбеди финансирање nа енергетската транзиција од фосилни горива кон обновливи.

Идејата е да се направи анализа на легислативата во Македонија и преку компративна анализа со земја каде што успешно се спроведува ваква мерка да се изготви законско решение за да конечно физичките лица добијат дозовола да продаваат електрична енергија од обновливи, со што оваа мерка ќе биде од корист на домаќинствата, компаниите како и на самата држава.

Настан - Мрежно мерење во РМ, можности, перспективи, примери – како до почиста енергија
Средба со пратеници и презентација на студијата Мрежно мерење во Република Македонија, можности, перспективи, примери – како до почиста енергија

МРЕЖНО МЕРЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МОЖНОСТИ, ПЕРСПЕКТИВИ, ПРИМЕРИ – КАКО ДО ПОЧИСТА ЕНЕРГИЈА?

Одговорно лице за оваа иницијатива е Соња Ристеска, истражувачкиот и менаџмент координатор на Аналитика, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.