Настан - Мрежно мерење во РМ, можности, перспективи, примери – како до почиста енергија
Аналитика тинк тенк, на 2 ноември во хотелот Бест Вестерн на ул. Македонија во Скопје је претстави студијата “Мрежно мерење во Република Македонија, можности, перспективи, примери – како до почиста енергија?„ (http://www.analyticamk.org/images/2017/mrezno_merenje_a40ba.pdf) која што го разгледува диркетното вклучување на домаќинствата во енергетскиот систем на РМ. Една од мерките за стимулирање на ваквиот развој е токму можноста физички лица без формирање на фирма да можат да произведуваат електрична енергија од обновливи извори и истата директно да ја предаваат во системот со можност за “порамнување„ со дистрибутерот на електрична енергија. Засега ваква можност не постои со што напредокот иако го има во секторот на обновливи тој е бавен и недоволен.
Во моментов е во тек изработката на новиот Закон за енергетика па оттука ова е право време надлежните институции да ја разгледаат и имплементираат оваа мерка во новите законски решенија. Бенефитите од законските измени со кои што би се овозможило на домаќинствата да ја предаваат својата струја во системот се големи.
На настанот беа и директорот на ЕЛЕМ господниот Драган Миноски, претставници од МАНУ како професорката Наташа Марковска, Александар Дединец, претстедателот на асоцијацијата Солар Македонија професорот од ПМФ Илија Насов, колешките од невладниот сектор Александра Бујароска од Фронт 21/42 и Невена Смилевска од Еко-свест, како и многу други претстаници како СИЕТО - приватна компанија за производство на соларни панели, ТИМЕЛ, професори, граѓански активисти, претставници од амбасадите во РМ итн. Заклучоците и препораките од сите учесници на овој настан беа дека што поскоро е потребна ваква мерка за раст на искористувањето на обновливите извори на енергија во Македонија, исполнување на нашите преземени обврски со веќе ратификуваниот Париски договор, како и намалување на енормното загадување. Понатаму, потребно е домаќинствата поактивно да се вклучат во енергетскиот сектор, а не само да бидат пасивни корисници, да се стимулира дополнително енергетска ефикасност и како и да се работи и размислува мултидисциплинарно во соработка со сите сектори поврзани во енергетиката – државен, научен, приватен и граѓански, затоа што решенијата не се едноставни и централизираното производство на енергија е веќе дел од минатото.
- Одговорни граѓани=помалку потрошена струја, помал одлив на девизи од државата за увоз. Македонија треба да има стимул за вклучување на што повеќе домаќинства со оваа мерка затоа што имаме околу 250 сончеви денови во годината, а сме во моментов пропорционално со значително помало искористување на сончевата енергија од северните земји како Норвешка, Данска, итн.
Настанот беше дел од двогодишната програма за законодавно застапување раководена од Националниот демократски институт (https://www.ndi.org/macedonia), Аналитика беше избрана со иницијативата за измени на Законот за енергетика со цел овозможување на физичките лица без оснивање на компанија да можат да бидат овластени произведувачи и продавачи на електрична енергија од обновливи извори: