Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии

Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии

Во наредните четири години Аналитика заедно со Фрактал (Србија), За земјата (Бугарија), ЦЕЕ (Босна и Херцеговина), МАНС (Црна Гора), ЦЕКОР (Србија), БИРН (Босна и Херцеговина), Смехомат (Словенија), Фокус (Словенија) и координаторот Крилјата на надежта (Босна и Херцеговина) ќе работат на проект финансиран од Програмата за механизми на граѓанското општество и медиуми 2014-2015 (поддршка на регионалните тематски мрежи на организации на граѓанското општество; EuropeAid /150147/DH /ACT/PRAREG).

Очекуваните конкретни резултати на оваа акција се:

- Граѓанските организации (ГО) (целна група и корисници): aкцијата се очекува да ја зголеми нивната умешност, практично знаење и капацитет за следење на јавните финансии, да им овозможи континуирано следење на јавните финансии и да овозможи меѓусекторско вмрежување. За 10те граѓански организации на конзорциумот, проектот ќе го зајакне нивното знаење и организациски капацитет за следење на јавните финансии, ќе им овозможи да креираат предлози за политики, да учествуваат во процесите на донесување одлуки, комуницираат и да се залагаат за поголема одговорност и транспарентност во јавните финансии. На повеќе од 80 граѓански организации во регионот на Западен Балкан и пошироко акцијата ќе им помогне да го разберат недостатокот на ефикасност во областа на јавните финансии и ќе ги направи способни за учество во процесите на донесување одлуки и ќе се залага за елиминирање на таквата неефикасност. Проектот ќе воспостави соработка со најмалку 5 релевантни мрежи на ниво на ЕУ кои покриваат теми како тие во проектот.

- Јавните (државни) институции (целна група и корисници): акцијата ќе обезбеди основа за транспарентност и отчетност во јавните финансии и поефикасно користење на јавните средства. Ќе се изработат 4 регионални анализи на состојбите во областа на јавните финансии, со што ќе се обезбеди идентификација на проблемите и препораки за опфатените 7 земји и ЕУ. Акцијата ќе воспостави одржлив мониторинг и мрежа за надгледување на јавните финансии, со што ќе можат да се анализираат различните политики и процеси, да се идентификуваат клучните проблеми, предложат решенија и да се застапува за промена. Акцијата ќе предизвика или обезбеди учество во најмалку 8 процеси на креирање политики, каде што ќе се вклучат над 7.500 граѓани во барањето на одговорност и транспарентност во јавните финансии, за да се одразат потребите на граѓаните во одлучувањето. Акцијата ќе осигура дека барем 100 носители на одлуки во земјите од Западен Балкан и ЕУ ќе бидат запознаени со предлозите на политики и ќе бидат потпомогнати да работат кон нивно имплементирање. Оттука акцијата ќе води кон подобрување на признавањето на улогата на граѓанските организации помеѓу јавните т.е. државните институции.

- Медиумите (целна група): акцијата ќе гради партнерски однос со најмалку 100 медиуми преку состаноци со новинари, медиумска работа и вклучување на медиумите во активностите. На тој начин локални, независни и истражувачки медиуми ќе добијат можност да стекнат знаење и да се запознаат со сложени теми како јавните финансии и да ја зајакнат својата улога како надгледувачи на работата на државните органи и јавните финансии.

- Граѓаните/даночните обврзници (корисници): акцијата ќе им помогне на повеќе од еден милион граѓани да ги разберат проблемите со јавните финансии и ќе поттикне над 7.500 од нив активно да се вклучат во барањето на одговорност и транспарентност кај јавните финансии. На тој начин граѓаните ќе учествуваат во барањето за фер и ефикасна употреба на даноците, во согласност со нивните потреби.

Ќе има неколку работни пакети на активности фокусирани главно на:

1. Споделување на знаење и искуства;

2. Вмрежување;

3. Мониторирање, надгледување;

4. Застапување;

5. Комуникација.

link Даночна правда во Југоисточна Европа - Како да се намалат нееднаквостите?
link Економија на долг и еколошки долг во Југоисточна Европа
Public dept in Southeast Europe - Why to enable public participation?
Policy Brief - Public debt in Southeast Europe why to enable public participation?
Студија : Tax Justice in Southeast Europe - How to reduce inequalities?
Бриф: Policy Brief: Tax Justice in Southeast Europe - How to reduce inequalities?
link ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Public infrastructure in southeast Europe - in whose interest?
Policy Brief: Public infrastructure in southeast Europe - in whose interest?
pdf Соопштение за медумите: Проектите за јавна инфраструктура во Југоисточна Европа се нарушени поради недостаток на транспарентност и ризик од корупција
pdf АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
pdf ЈАВНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА
pdf АНАЛИЗА НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
pdf АНАЛИЗА НА ПРАВЕДНО ОДАНОЧУВАЊЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
pdf Соопштение за медиумите: Должничко ропство на Балканот
link Работилница: Должничко ропство на Балканот: ново истражување од европската полу-периферија
link Кратко видео од Регионалната конференција во скопје, Јавна инфратрсуктура во Југоситочна Европа - во чиј интерес?, во рамки на проектот „Граѓансите организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финанси‘‘
link Ова е нашето видео за Мониторирање на јавни финансии. Зошто е важно, како се спроведува и за што се залагаме
link Кратко видео од конференцијата „Мониторирање на јавните финансии“

Проектен менаџер: Бојана Мијовиќ Христовска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Проектен асистент: Тамара Мијовиќ Спасова Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.