Работилница: Должничко ропство на Балканот: ново истражување од европската полу-периферија

Работилница: Должничко ропство на Балканот: ново истражување од европската полу-периферија

Ослободување на регионот од неодговорните финансиски системи

На 5 јули 2017 година во Хамбург, Германија, панелот презентираше многу неодамнешни и иновативни истражувања за повразноста на кризата на јавниот долг, даночната неправда и грабливата приватизација во областите на енергетските, социјалните и јавните услуги. Истражувањето ги промовира алтернативите и ги доведува во прашање постоечките стенд-бај аранжамни кои што го затвораат регионот во неуспешен модел на пристап до финансии од надвор.

Г-20 уште еднаш се врати во регионот за финансирање на отплатата на приватниот долг кон странските банки преку штедење и експлоатација на јавните добра.

Со Соња Ристеска (Аналитика, Македонија), Ајда Пистотник (ЕнаБанда, Словенија), Андреја Живковиќ (Фондација Крила Наде, Босна и Херцеговина), Звездан Калмар (ЦЕКОР, Србија), кои што збоеа секој за состојбата со јавните долгови во нивните земји.

Повеќе информации за овој настан тука:

Http://solidarity-summit.org/en/event/ws-63-debt-bondage-in-the-balkans-new-research-from-the-european-semi-periphery/

Повеќе од 50 иницијативи и организации од Германија и од странство присуствуваа на Самитот за глобална солидарност (Gipfel für globale Solidarität), кој се одржа на 5 и 6 јули во Хамбург, Германија. Нашиот регион исто така беше присутен таму.

Финансискиот сектор мора да им служи на потребите на луѓето и на планетата, но Г-20 се уште промовира финансиски систем и монетарни политики кои создаваат финансиска нестабилност, социјален и еколошки хаос, нееднаквост, прекумерно задолжување и климатски промени.

Убедени сме дека и други политики се можни. Оттука и идејата за овој настан.

{gallery}workshop{/gallery}