Енергетска сиромаштија на агендата
Аналитика во наредните 6 месеци ќе работи на проект "Енергетска сиромаштија на агендата".
Предложената активност ќе ја потенцира итната важност на ставање на енергетската сиромаштија на агендата и за таа цел во директна соработка со енергетски сиромашни лица ќе се изработи конкретна алатка (тулкит) за донесувачите на одлуки со конкретни препораки за намалување на енергетската сиромаштија во Северна Македонија. Со тоа се зајакнува улогата на Аналитика не само во процесот на декарбонизација, туку и во креирање на социјална праведна транзиција. Проектот има за цел да го зајакне граѓанското општество за учество при носењето одлуки од областа енергетската сиромаштија.
Со поддршка на нашиот соработник на програмата, др. Ана Стојиловска, која во меѓувреме изработи докторат на тема на енергетска сиромаштија во Северна Македонија, Аналитика ќе ја искористи оваа прилика да продолжи со придонесот кон имплементација на европските политики за енергетика во согласност со Зелениот договор.
Активностите се подржани во рамките на Проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ кој го реализираат Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко Свест, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници - МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе - ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.