Фокус група со членки на мрежата со претставници на Коалиција за клима и други невладини организации чија работа е од важност на енергетска сиромаштија
На 27ми април Аналитика одржа онлајн фокус група со претставници од мрежата Коалиција за клима.
Учесниците имаа можност да дадат свои видувања на постојните мерки за намалување на енергетската сиромаштија во С.Македонија. Учесниците се осврнаа на карактеристиките на енергетска ранливост кои ги препознаваат во целните групи кои ги застапуваат, фактори кои придонесуваат кон тоа граѓаните да не можат да си ги дозволат трошоците за основни потреби, осврнување на нови ризици како резултат на пандемијата и енергетската криза и разгледување на итни и долгорочни мерки за намалување на енергетската сиромаштија.
Следен чекор е понатамошна дискусија на предлог-мерки за намалување на енергетската сиромаштија со останати членови на граѓанскиот сектор, како и со лица директно засегнати од енергетската сиромаштија. Крајниот производ е Прирачник за донесувачите на одлуки со предлог мерки за намалување на енергетската сиромаштија.
Фокус групата се оддржа во рамки на проектот "Енергетска сиромаштија на агендата".
Проектот е поддржан од проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ кој го реализираат EKO SVEST Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко Свест, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници - МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе - ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.