Младински активизам за одржлива река: Заштита и промоција на биодиверзитетот во реката Треска
Аналитика започнува со спроведување на нов научен проект за заштита на биодиверзитетот во реката Треска.
Главната цел на проектот е заштита на водата и биодиверзитетот на реката Треска, додека се оспособуваат младите и граѓаните преку граѓанска наука.
Клучни резултати:
Документирани закани и влијанија: Идентификување и документирање на заканите од антропогени, еколошки и инфраструктурни извори.
Програма за мониторинг и заштита: Развивање на програма за мониторинг и заштита на реката, која ќе биде прифатена од локалната заедница и властите.
Обука на млади и ГО: Обука на 15 млади луѓе и 5 претставници од локални ГО за примена на граѓанска наука за зачувување на биодиверзитетот на реката.
Развој на тематска кејска зона: Создавање на информативен и едукативен простор покрај реката Треска.
Обука за теренски техники: Обука на 30 млади луѓе за собирање податоци од терен, анализа на примероци и мерење на параметри на водата и животната средина.
Зголемување на рибниот фонд: Зголемување на популацијата на речната пастрмка (Salmo macedonicus) во реката Треска.
Јавна свест: Информирање и вклучување на локалната заедница за значењето на заштитата на екосистемот на реката.
Зошто ова е важно: С. Македонија се соочува со еколошка криза, со сериозно загадување на воздухот, слабо управување со отпадот, опаѓање на квалитетот на водата, сеча на шуми и загрозен биодиверзитет. Овој проект има за цел да направи значително влијание во зачувувањето на нашите природни ресурси, со посебен фокус на реката Треска и прекрасниот кањон Матка.
Преку развивање на мониторинг програми, обука на млади и ГО, подобрување на кејската зона, зголемување на рибниот фонд и зголемување на јавната свест, целиме да ја подобриме состојбата на реката Треска и да промовираме одржлив развој и заштита на природата.
Придружете ни се во оваа важна иницијатива за заштита на нашите природни богатства и осигурување на одржлива иднина за реката Треска!
Проектот е поддржан од Проектот е поддржан од Амбасада Канаде у Србији и у Црној Гори / на Канада во Северна Македонија