Зголемување на отпорноста на заедниците

Зголемување на отпорноста на заедниците

Аналитика со задоволство го најавува својот нов проект насловен “Работење на зголемување на отпорноста на заедниците”. Овој проект ќе трае 12 месеци, и ќе се состои од два дела.

Првиот дел од проектот е истражување на причините за појава на насилен екстремизам.

Вториот дел е справување со екстремистичката пропаганда којашто е раширена онлајн, користејќи различни методи, вклучувајќи и бришење на таквата пропаганда од интернетот, на коешто ќе работиме заедно со институции како МВР.

Наодите од првиот дел од проектот, односно истражувањето, ќе ни помогнат за избор на методи за справување со екстремистичка пропаганда на интернетот.

Целта на овој проект е да помогне во напорите на Македонија во справувањето со насилниот екстремизам преку изработка на студија што подобро ќе објасни зошто некои поединци прифаќаат екстремистичка идеологија, а воедно и да ја намали ефикасноста на екстремистичката пропаганда.


Одговорни лица:

Филип Стојковски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Самет Шабани Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата Кралството Холандија. Мислењата, откритијата, и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот (ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на Холандија.