Заедно за чист воздух
Еко-свест и проектните партнери Реактор - Истражување во акција, Аналитика, Центарот за климатски промени, Македонскиот Зелен Центар и ОРТ се здружија за да заеднички работат на проблемот со загадувањето на воздухот во Македонија, кое достигна алармантни нивоа во последните неколку години. Целта на 12 месечниот проект е да се залага за чист воздух, преку подобрување на комуникацијата помеѓу релевантните тела кои се занимаваат со проблемот со загадувањето на воздухот, и преку соработката со македонското Собрание и со медиумите за да се овозможи имплементирање на најдобрите практики од САД и ЕУ за намалување на загадувањето на воздухот во Македонија. Главни идентификувани чинители кои ќе имаат корист од проектот се Собранието, релевантните институции кои се занимаваат со загадувањето на воздухот и медиумите, како и сите граѓани на Македонија. Како финален производ од проектот ќе изготвиме Акционен план за брзи одговори за решавање на високите нивоа на аерозагадување.
Целта на предложениот проект е да се осигура и гарантира пристап до чист воздух и чиста животна средина на сите граѓани.
Целите на проектот се:
- Подобрување на соработката помеѓу институциите одговорни за секторите кои најмногу придонесуваат за загадување на воздухот;
- Предлагање на план за акција за управување со загадувањето на воздухот во Скопје;
- Соработка со Собранието на РМ за да се иницира јавна дебата за загаденоста на воздухот;
- Соработка со медиумите за да се овозможи тие да преземат активна улога во решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот;
- Мобилизирање на граѓаните за да го искажат своето мислење за загадувањето на воздухот пред надлежните органи и тоа на структуриран начин;
- Спроведување на добрите практики од ЕУ и САД за намалување на загадувањето на воздухот во Македонија.
ПРЕДЛОГ ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ВО МАКЕДОНИЈА |
За повеќе информации за учеството на Аналитика во овој проект, ве молиме контактирајте ја Соња Ристеска, истражувчки и менаџмент координатор на Аналитика Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..