Развој на култура на сајбер безбедност во образовниот систем на Северна Македонија - Зајакнување на капацитетот на младите луѓе и наставниците за примена на мерки за сајбер безбедност и развој на ефективни училишни програми за спречување на сајбер-насилст
Општа цел на проектот е запознавање на младите со придобивките од дигиталната трансформација и зголемување на употребата на мерките за сајбер безбедност кај младите со што ќе се зголеми нивно безбедно присуство на интернет и ќе се намалат негативните ефекти .
Краткорочни цели:
С.Ц.1. Идентификување на знаењата на учениците и наставниот кадар за значењето од дигиталната тансформација на општеството со фокус на обраовните програми како и степенот на примена на мерките за сајбер безбедност од страна на младите;
С.Ц.2. Подобрување на соработка и трансферот на знаења помеѓу граѓански организации, образовните институции и институциите надлежни за креирање на политики од областа на сајбер безбедност и институциите надлежни за санкционирање на сајбер криминалот;
С.Ц.3. Зголемување на улогата на локалните граѓански организации во обезбедување на помош и поддршка на образовните институции и младите за подобро искористување на потенцијалот на информатичко-комуникациските технологии;
С.Ц.4. Подобрени знаења и вештини на 15 наставници од 3 средни училишта за примена на програми за успешна и одржлива дигитална трансформација и содржини од сајбер безбедност во училиштата преку создавање на мрежа од наставници и граѓански организации;
С.Ц.5. Јакнење на вештините на 100 ученици за безбедно користење на интернет преку врсничка едукација;
С.Ц.6. Креирање на мобилна апликација со едукативен и информативен карактер наменета за наставници, ученици и родители;
Период на спроведување на проектот: Август - Септември 2024 година
Лице за контакт: Маја Христовска, проектен експерт