Работилница ‚‚Улогата на училиштата во справување и спречување на насилство во средните училишта"

Работилница ‚‚Улогата на училиштата во справување и спречување на насилство во средните училишта"

Во периодот од 01-03 октомври, Аналитика тинк тенк, ја организираше првата работилница во рамките на проектот „Развој на култура на мир и ненеасилство како основна вредност во образовниот систем на РС Македонија“ поддржан од Embassy of Canada to Serbia, North Macedonia and Montenegro.

 

Професори од три (3) стручни средни училишта (Сггу Здравко Цветковски, СУГС„Шаип Јусуф“ ZLM - gjimnazi ZEF LUSH MARKU) учествуваа на работилницата ‚‚Улогата на училиштата во справувањето и спречувањето на насилство во средните училишта". Обучувачи на обуката беа: Maja Hristovska, Весна Трајкоска Штериев и Емилија Петрушевска. Целта на оваа прва работилница беше да се запознаат професорите со методите и техниките за превенција од насилство и стекнување на специфични вештини за креирање на доверба меѓу наставниците и учениците во насока на решавање на конфликти . Оваа активност беше подготвителна активност за следната работилница за млади едукатори (ученици) што ќе се одржи на крајот на октомври 2021 година.

РАЗВОЈ НА КУЛТУРА НА МИР И ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛСТВО КАКО ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА