Презентација на студијата Компаративна анализа: работни места во термоелектрани наспроти работни места во сектори со обновливи извори и енергетска ефикасност во Македонија
На 12 април 2016 година, во хотелот Контентал во Скопје, се одржа конференцијата “Македонија во европската енергетска рамка – безбедност и вработувања„, организирана од страна на нашите партнери Еко-свест каде што беа промовирани две студии од едицијата „Македонија во европската енергетска рамка“, од кои на една се автори нашите истражувачи Соња Ристеска и Ана Стојиловска.
Едицијата „Република Македонија во европската енергетска рамка” се состои од неколку студии кои Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест’’ ги издава со цел да се отвори дискусијата за усогласеноста на Република Македонија со климатските и енергетски политики на ЕУ.
Насловот на студијата која што во името на Аналитика ја промовираше Соња Ристеска е “Компаративна анализа: работни места во термоелектрани наспроти работни места во секторите обновливи извори и енергетска ефикасност во Македонија“.
Целта на ова истражување беше двојна – прво да утврди дали во Македонија има превработеност во термоелектраните, истовремено утврдувајќи дали за Македонија би важело искуството од ЕУ дека индустријата заснована на јаглен ќе мора да го намали бројот на вработени дури и ако нови рудници се отвораат. А втората цел беше да се утврди дали секторите енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија нудат поголем вработувачки потенцијал, што е случај во ЕУ, но треба да се утврди за Македонија.
Презентацијата од студијата може да се најде тука.
Агендата од настанот може да се најде тука.
Слики од настанот можат да се погледнат на следниов линк: Конференција „Македонија во Европска