Учество на „Семинар за граѓански организации - Национални работни групи за реформа на јавната администрација“
На покана на Центарот за европски политики ЕПИ, Магдалена Лембовска учествуваше на Семинарот за граѓански организации - Национални работни групи за реформа на јавната администрација.
Магдалена ја презентираше неодамнешната основна студија за работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Притоа, го сподели искуството од следењето на работата на двете независни надзорни тела, како и резултатите од првиот извештај од следењето на нивната работа.
Семинарот се одржа од 8 до 11 мај во Маврово, Македонија.