Семинар за вмрежување и застапување за алумни на Програмата ТРАИН
Магдалена Лембовска учествуваше на „Семинар за вмрежување и застапување“ за алумни на програмата ТРАИН - Унапредување на дијалогот за политики.
Семинарот се одржа од 28 јуни до 1 јули во Берлин, Германија и главниот фокус беше на стратегиите за застапување за политики.
Покрај тоа, учесниците го посетија и германскиот Бундестаг каде се сретнаа со советници за политики за Западниот Балкан, како и со Др. Гуидо Хајнен (Dr. Guido Heinen), Раководител на Службата за научни истражувања на Германскиот Парламент.
Дополнително, учесниците се сретнаа и со истражувачите од тековната ТРАИН 2017 Програма и спроведоа неколку заеднички активности.
Г-ца Лембовска беше учесник за време на циклусот ТРАИН 2013. Програмата се спроведува од страна на Германскиот центар за надворешни работи, а е финансирана од Сојузното министерство за надворешни работи (Пакт за стабилност на Југоисточна Европа).