Реформите во полицијата во контекст на ЕУ интеграциите на Западен Балкан, Подгорица
Како дел од активностите на ПОИНТПУЛС мрежата нашиот истражувач за безбедносни прашања Андреја Богдановски говореше за реформите во полицијата во контекст на ЕУ интеграциите на Западен Балкан во Подгорица (7 септември).
Андреја се осврна на тоа дека со започнувањето на пристапните преговори со ЕУ, реформите во полицијата би имале засилен тек, а особено преку отварањето на Поглавјето 24.
Исто така тој се осврна на тоа дека досегашните реформи во полицијата спонзорирани од страна на ЕУ не секогаш биле сеопфатни. Како пример ги посочи употребата на специјалните истражни мерки.
Говорејќи за видливи придобивки од реформите во полицијата на регионално ниво тој ја посочи можноста за патување со лични карти во регионот на Западен Балкан.
Сепак според него неодамнешната мигрантска криза ги покажа како добрите така и негативните страни во регионалната полициска соработка.
Подобрување на соработката на оперативно ниво помеѓу полициите во регионот и зголемено ниво на споделување на податоци е од клучна важност за поефикасна регионална соработка, рече Богдановски.