Работилница за развој на методологија за ПОИНТПУЛС проектот
Нашите истражувачи Магдалена Лембовска и Филип Стојковски учествуваа на работилница за развој на методологија за оценка на полицискиот интегритет, како дел од ‘ПОИНТПУЛС мрежата’, која се одржа во Приштина од 21ви во 23ти Март, 2017.
Ова ќе биде трета година на овој проект, со тоа што на тимот на Аналитика ќе и биде втора година како дел од истиот.
За време на работилницата беа утврдени индикаторите преку кои ќе се мери полицискиот интегритет во различни области (внатрешна одговорност, надворешен надзор, финансиски менаџмент, менаџмент со човекови ресурси, и кривично гонење)